По катастрофалниот старт на сезоната проследен со бројни повреда и тешки порази, Милано се врати во игра за позиција која води во разигрувањето за место на Ф4 турнирот на Евролигата.
Со 12 победи и натпревар помалку во однос на конкурентите, италијанскиот клуб заостанува три победи зад топ 8 финиш, но има поволен распоред до крајот на сезоната.
Еторе Месина најверојатно ќе може да смета и на услугите на еден од најдобрите кошаркари, Шејвон Шилдс кој по враќањето на паркетот од повреда повторно се повреди на последниот натпревар на „манекените“ во италијанското првенство.
Првичните инфорамации велат дека не станува збор за обновување на повредата на зглобот и тој ќе помине низ нови тестови за 48 часа, но очекувањата се дека ќе отсуствува само еден до два натпревари.