Ти-Џеј Шортс уште еднаш потврди дека е големо засилување за македонската кошаркарска репрезентација имаше клучен ефект во драматичниот триумф над Данска.
Шортс постигна 33 поени и беше најефикасен на теренот, а по средбата во Гевгелија го истакнал одличниот прием, односно атмосфера од македонските фанови.
– Им благодарам на сите во публиката кои ни дадоа дополнителен ветер, а ние се оддолживме со играта. Се чувствувам како дома, како Македонец, благодарен сум на ваквата поддршка, – ја пренесува изјавата на Шортс, официјалната интернет страницата на кошаркарската федерација.