сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Шредер го повреди палецот, ќе пропушти 3-4 недели

Шредер го повреди палецот, ќе пропушти 3-4 недели

Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Денис Шредер ќе пропушти 3 до 4 недели поради повреда на палецот.

Лејкерси ќе го започнат регуларниот дел од сезоната во вторник на 18 октомври со гостувањето кај бранителот на титулата Голден стејт.

Оваа вонсезона, Шредер потпиша едногодишен договор со Лејкерс вреден 2,64 милиони долари.

Германскиот дефанзивец веќе настапуваше за тимот од Лос Анџелес во сезоната 2020/21.