четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Шредер се враќа во Лос Анџелес лејкерс 

Шредер се враќа во Лос Анџелес лејкерс 

Германскиот кошаркарски репрезентативец Денис Шредер во новата сезона ќе настапува во НБА лигата, откако се врати во редовите на Лос Анџелес лејкерс.

Клубот потврди дека е ставен потпис на соработката без да ги објави деталите од договорот, но менаџерот на Шредер за американските медиуми изјави дека станува збор за едногодишен договор вреден 2.64 милиони долари.

Шредер, кој во четвртокот наполни 28 години, настапуваше за Лејкерси во сезоната 2020/21 и тогаш одби продолжување на договорот за уште четири сезони за 84 милиони долари.

Германскиот кошаркар потоа потпиша едногодишен договор вреден 5.9 милиони долари со Бостон, по што беше разменет во Хјустон.  (МИА)