понеделник, 4. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Симонс ќе го пропушти остатокот од сезоната

Симонс ќе го пропушти остатокот од сезоната

Плејмејкерот на Филаделфија, Бен Симонс, беше подложен на операција за отстранување на фрагменти од оштетена ‘рскавица на левото колено, објави инсајдерот на ЕСПН Адријан Војнаровски.

Според новинарот, 24-годишниот Австралијанец ќе остане во Филаделфија, каде ќе помине низ рехабилитација. Пријавено е дека играчот ќе го пропушти остатокот од сезоната 2019/20 во НБА лигата.

Симонс во тековната сезона имаше просек од 16,4 поени, 8, асистенции и 7,8 скокови по натпревар. (МИА)