сабота, 23. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

СКАНДАЛ – Руди Гобер од Минесота удри соиграч (ВИДЕО)

СКАНДАЛ – Руди Гобер од Минесота удри соиграч (ВИДЕО)

Тежок инцидент се случи на натпреварот Минесота – Њу Орлеанс во НБА лигата.

За време на тајмаутот, кон крајот на првото полувреме, трикратниот добитник на наградата за најдобар одбранбен играч во НБА лигата, Французинот Руди Гобер, удри соиграч. Тој прво почна да се расправа со својот клупски колега Кајл Андерсон, а потоа го нападна и го удри.

Веднаш по инцидентот, Минеаполис соопшти дека Гобер е испратен дома и дека нема да игра до крајот на натпреварот, кој е важен за претстојниот плеј-оф.