четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Скопје во конкуренција за организација на завршницата во АБА2 лигата

Скопје во конкуренција за организација на завршницата во АБА2 лигата

Новиот директор на МЗТ Скопје, Филип Ѓоревски, на денешната прес-конференција по повод претставувањето на новиот тренер Александар Петровиќ, истакна дека Скопје има два конкурента кога е во прашање организацијата на завршниот рурнир во АБА2 лигата,

Македонскиот шампион во моментов е втор на табелата со скор 8-2 и во пресрет на последниот „балон“, а на завршниот турнир влегуваат осумте најдобри екипи за влез во најсилното регионално натпреварување.

  • Нашата кандидатура е испратена и сега чекаме одговор од АБА лигата. Имаме сериозни конкуренти во Белград и Сараево, изјави Ѓоревски.