Македонскиот кошаркар Дарко Соколов го продолжи договорот со трикратниот освојувач на македонското првенство Еуро Никел и веројатно ќе ја заврши кариерата во овој клуб.
Минатата сезона плејмејкерот настапи на 34 натпревари и забележа просек од 11.5 поени, 4.1 скок и 3.6 асистенции.
Пред потпис на нов договор со Еуро Никел 2009 е и Димчевски, а клубот е во завршни преговори и со Марјан Младеновиќ, кој минатата сезона настапуваше за Пелистер.
Единствен кошаркар кој го напушти клубот од Кавадарци до овој момент е Предраг Самарџиски.