недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

СП 2023: Србија ја демолира Канада и се пласира во големото финале

СП 2023: Србија ја демолира Канада и се пласира во големото финале

Репрезентацијата на Србија  е првиот патник во големото финале од Светското првенство. „Орлите“ во полуфиналната пресметка со Канада беа апсолутно подобар противник и сосема заслужено славеа со резултат 95-86.

Најефикасен во победничкиот табор беше Богдан Богдановиќ со 23 поени, а ист скор имаше и Ар Џеј Берет од Канада. Србија во големото финале го чека подобриот од дуелот меѓу САД и Германија.

Американците се големи фаворити во второто полуфинале и голема е веројатноста дека токму тие ќе бидат противници на феноменалниот српски тим.