петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Специјалистот за одбрана Андре Игудала објави крај на својата богата кариера

Специјалистот за одбрана Андре Игудала објави крај на својата богата кариера

НБА кошаркарската легенда Андре Игудала објави дека става крај на своето незаборавни 19-годишно патување, што автоматски значи дека во иднина нема да гледаме еден од најуспешните кошаркари во последната деценија.

Игудала важеше за специјалист за одбрана и последните години ги мина како член на Голден Стејт, каде успеа да освои и четири шампионски прстени под водство на Стив Кер.

Незаборавната епизода со „воините“ стартуваше во 2015-та година кога првпат беше освоен шампионскиот прстен, а во тој поход Игудала беше избран за МВП во финалето со просек од 16 поени, 6 скокови и 4 асистенции.

Игудала планираше да се повлече уште на крајот на минатата сезона, но тогаш Стеф Кари го убеди да остане уште една сезона, која за жал беше одбележана од тешката повреда на колкот, која сега ја завршува и неговата кариера.