петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Србија го преслуша и Израел, Дончиќ одличен против Германија во Келн

Србија го преслуша и Израел, Дончиќ одличен против Германија во Келн

Кошаркарската репрезентација на Словенија славеше во четвртото коло од групата „Б“ на Европското првенство против Германија со 88:80.

Словенците вечерва го потврдија пласманот во осминафиналето, а впечатокот го подобрија по поразот од репрезентацијата на Босна и Херцеговина. Предводени од Лука Дончиќ, ги надиграа Германците и ја остварија третата победа во шампионатот.

Ѕвездата на Далас маверикс запиша 36 поени, 10 скокови и четири асистенции, а на спротивната страна Денис Шредер забележа 19 поени.Србија ја продолжува победничката низа на ЕП, во групата „Д“ триумфираше и над Израел со 89:78.

Феноменален беше играчот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ кој блескаше со „дабл-дабл“ учинок од 29 поени и 11 скокови, плус имаше и пет асистенции. Кај Израелците прв стрелец беше Јам Мадар со 20 коша.