недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Србија петти пат по ред е европски првак во баскет на 3×3

Србија петти пат по ред е европски првак во баскет на 3×3

Баскет репрезентацијата на Србија продолжува со неверојатните успеси. „Орлите“ петти пат по ред се на кровот на Европа и тоа по неверојатна победа во Ерусалим, Израел.

Србите славеа над Литванија (22-20), а до победата дојдоа со неверојатни поени. Србите водеа со 20-13, противникот дојде на 20-20, а Стојачиќ даде „двојка“ за голема радост на нашиот сосед.

Квартетот кој ја покори Европа е Немања Барач, Марко Бранковиќ, Стефан Којиќ и Страхиња Стојачиќ.