четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

ЕВРОБАСКЕТ: Србија подобра од Чешка, Франција ја совлада Литванија

ЕВРОБАСКЕТ: Србија подобра од Чешка, Франција ја совлада Литванија

Кошаркарската репрезентација на Србија преку Чешка 68-81 ја забележа втората победа на Европското првенство (ЕП) и се издвои на врвот во групата.

По стартниот триумф над Холандија, „орлите“ предводени од Никола Јокиќ запишаа и втора радост. Не можеа Чесите во чии редови главен адут беше Весели да парираат на првиот фаворит за медал, во „О2 Арената“ во Прага.

Никола Јокиќ беше лидер на Србија со 18 поени и 11 скока, пред Мициќ со 13 поени, додека кај Чешка, Хрубан и Крејчи имаа по 13 постигнати поени, а најдобриот играч Весели беше задржан на само два поени, без ниту една реализација од игра.

Дербито на денот го одиграа Литванија и Франција, а го добија „триколорите“ (73-77). Во „Ланксес Арена“ во Келн најдобар беше Фурние од Франција со 28 поени, додека во спротивниот тим Валанчунас и Григонис дадоа по 15 и 13 поени.