Црвена звезда, одби да го игра финалето, додека не се одигра финалето во српското првенство. Црвено-белите се незадоволни што чекаа две недели Партизан да ја заврши својата полуфинална серија. Исто така незадоволни се и од тоа што АБА лигата до последен момент не ги објави термините за финалето.
Лигата тоа го стори дури откако Кошаркарската лига на Србија објави кога за трофејот ќе се борат Црвена звезда и ФМП.
И додека се чека АБА и Кошаркарската лига на Србија да постигнат договор, нова бура предизвика одлуката на српските судии да не бидат делеграни за финалните натпревари во АБА лигата.
Илија Белошевиќ, Миливоје Јовчиќ и Урош Николиќ одбиле да ја делат правдата во плејоф серијата. Натпреварите ќе ги водат судии од другите републики учеснички во АБА лигата.
Првиот натпревар од плеј-офот е закажан за 12 јуни, но од Црвена звезда соопштија дека нема да го играат натпреварот во тој термин, бидејќи тогаш е закажан вториот натпревар од плејоф серијата во Супер лигата на Србија.