Тимот на Голден Стејт Вориорс во наредниот период дефинитивно нема да може да смета на најдобриот кошаркар Стеф Кари.
Кари се повреди на средбата против Бостон Селтикс и тоа откако врз него падна Маркус Смарт, а направените детални медицински прегледи покажаа дека се работи за истегнување на лигаментите на левото стапало.
Американските медиуми пренесуваат дека плејмејкерот сигурно ќе го пропушти преостанатиот дел од основата фаза во НБА лигата, односно дека ќе биде подготвен за предизвиците во плејофот.