17-годишниот Стефанов не криеше задоволството што во следниот период ќе помине со А репрезентацијата и ќе има шанса да ја оправда довербата.
„За секој млад играч најголемиот сон е да биде дел од најсилната национална репрезентација на својата земја. Голема чест е што добив и повик, и што имам шанса да тренирам и да учам од најдобрите. Ова е големо искуство, мотив за понатаму. Ќе го дадам максимумот на секој тренинг, се надевам дека ќе ја оправдам довербата на селекторот Бајиќ, му благодарам за укажаната шанса“, ни изјави Рубин Стефанов.