петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Стивен Адамс се повреди и ќе ја пропушти цела сезона

Стивен Адамс се повреди и ќе ја пропушти цела сезона

Мемфис гризлис се соочува со сериозни проблеми пред почетокот на НБА-лигата бидејќи се повреди ветеранот Стивен Адамс.

Центарот на Мемфис минатата сезона беше важен член на екипата и постигнуваше по 8,6 поени, 11,5 скокови и 2,3 асистенции по натпревар, па така ова ќе биде голем проблем за екипата која го нема ниту Брендон Кларк.

Сезоната во НБА-лигата ќе почне со мечот меѓу Денвер нагетс и Лос Анџелес лејкерс во ноќта меѓу вторник и среда.