понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Стојановски и Димитријевиќ му се ставија на располагање на селекторот Јончевски

Стојановски и Димитријевиќ му се ставија на располагање на селекторот Јончевски

Најдобрата македонска кошаркарска репрезентација се подготвува за претквалификациите за Олимписките Игри во Париз, а на групата од вчера и се приклучија Војдан Стојановски и Ненад Димитријевиќ.

Кога е во прашање селекцијата лошо е тоа што Виктор Ефремоски има повреда на ногата, па селекторот Јончевски се одлучи да го приклучи Марко Миловановиќ.

Во тренажен процес одново е и центарот Теодор Симиќ, па во моментов Александар и неговите соработници Василев и Велев, сметаат на вкупно 11. кошаркари.

Инаку на турнирот во Талин ќе играме против Чешка, Израел и Естонија.