вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Стојановски уште две години во МЗТ

Стојановски уште две години во МЗТ

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Дамјан Стојановски ја продолжи соработката со МЗТ Скопје, која ќе биде официјализирана во текот на следната недела, соопштуваат од клубот.

Капитенот одлучил да остане во тимот од Аеродром уште две години и да помогне во борбата за висок пласман во АБА2-лигата и за враќањето на титулата во „Јане Сандански“.

Во македонското првенство што заврши неодамна, тој настапи на 35 средби со просек од 11 поени, 4,2 скока и 2,1 поен додека во АБА-лигата ги одигра сите 22 меча со просечна реализација на 11,5 поени и по 2,7 скока и асистенции.

Во својата кариера, репрезентативецот на Македонија има четири титули, шест победи во Купот на Македонија (четири од нив се со МЗТ), додека трипати бил избран за МВП во финалето од плејофот, а двапати а куп-завршницата.