вторник, 5. март 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

ТАА Е МОНСТРУМ ТВРДИ МАЈКАТА НА ЛЕГЕНДАТА: Вака изгледа 30 години подоцна манекенката која на денешен ден го однесе Дражен Петровиќ во смрт! (ФОТО)

ТАА Е МОНСТРУМ ТВРДИ МАЈКАТА НА ЛЕГЕНДАТА: Вака изгледа 30 години подоцна манекенката која на денешен ден го однесе Дражен Петровиќ во смрт! (ФОТО)

На денешен ден, пред точно 30 години, во сообраќајна несреќа кај Инголштад, Германија, загина легендарниот југословенски и хрватски кошаркар Дражен Петровиќ.

Дражен Петровиќ го доби прекарот спортски Моцарт, а почина на 29-годишна возраст. Многу експерти сметаат дека Петровиќ е еден од најдобрите играчи во историјата на европската кошарка.

Последниот натпревар за Хрватска го одигра против Словенија во квалификациите за Европското првенство во 1993 година. Репрезентативците на Хрватска се вратија од Полска со авион, но Дражен Петровиќ патувањето го започна со автомобил со неговата девојка германска манекенка Клара Шаланци зад воланот. Клара возела црвен голф, а Дражен спиел на совозачкото седиште. Удриле во камион кој бил на патот, а Клара не го видела бидејќи видливоста била слаба.

Дражен Петровиќ загина, а Клара преживеала со повреди. Во автомобилот била и турската кошаркарка Хилал Едебал, која седела на задното седиште, која се здоби со тешки повреди, но закрепнала.

Инаку мајката на Дражен, поранешната негова девојка во една прилика ја нарече монструм кој не е во контакт ниту со нејзината поранешна пријателка која беше во истиот автомобил.

-Таа е монструм. Не била во контакт ниту со Хилал, не ја посетувала ниту во болница иако биле долгогодишни пријателки и играле заедно кошарка. Хилал живеела во Америка долги години и кога се вратила, Клара ја викнала да одат на аеродромот по Дражен заедно во Франкфурт, раскажала во една прилика Бисерка, мајката на Дражен.

FOTO: NEMANJA NIKOLIĆ