По долго и тешко боледување, денеска на 30-годишна возраст почина младиот кошаркарски тренер Немања Миљковиќ, јавуваат српските медиуми, пренесува Мастило.
Немања е поранешен кошаркар на КК Куманово. Во сезоната 2017/18 беше еден од најдобрите играчи во тогашниот состав.
Во својата кратка, но исклучително плодна играчка кариера настапуваше за низа клубови од Австрија, Естонија, Грција, Полска, Словенија и Катар.
По трагичната загуба, на „Инстаграм“ се огласи неговиот клуб КК Черак, a преку социјалните мрежи тажната вест ја потврди и неговата долгогодишна девојка која со емотивна порака се прости од него.