Бекот на Мајами, Тајлер Хиро, е прогласен за најдобар шести играч во НБА-лигата за оваа сезона.
Се обидуваме да ја освоиме титулата, без разлика дали ќе почнам од првата минута или ќе влезам од клупата. Ја прифаќам секоја улога. Среќен сум што сум во овој тим – изјави Хиро.
Тој доби 96 од можните 100 гласа со кои освои вкупно 488 поени и во оваа конкуренција го победи Кевин Лав со 214 бода, а на третото место е Камерон Џонсон со 128 бода.