На 57-годишна возраст почина прославениот кошаркарски репрезентативец Зоран Сретеновиќ, пренесоа српските медиуми.
Сретеновиќ е повеќекратен европски шампион и еден од најпознатите плејмејкери во осумдесетите.
Тој беше европски првак со репрезентацијата во Рим во 1991 година и Атина во 1995 година.
Играше и за Црвена ѕвезда и Партизан.
На крајот од својата играчка кариера почна да се занимава со тренерска работа.