Крилниот кошаркар на Бостон, Џејсон Тејтум и бекот на Портланд, Демијен Лилард, се прогласени за најдобри играчи на Истокот и на Западот во првата недела од сезоната.
Дваесет и четиригодишниот играч на Селтик му помогна на својот тим да ја започне сезоната со три победи. Тејтум имаше просек од импресивни 34,7 поени, 8,3 скока и 3,0 асистенции во совршениот почеток на Бостон во сезоната 2022-2023.
Од друга страна, искусниот плејмејкер на Блејзерси секако беше најзаслужен за сите три победи на тимот од Портланд на почетокот од актуелната сезона, со одличен просек од 34 поени, 5,3 скока и 4,3 асистенции.