среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Тејтум: По губењето на финалето не излегував од дома три или четири дена по ред

Тејтум: По губењето на финалето не излегував од дома три или четири дена по ред

Најдобриот кошаркар на Бостон селтикс, Џејсон Тејтум проговори за тоа колку тешко го претрпел поразот во финалната серија од плеј-офот со Голден стејт.

Бостон го загуби големото финале со 4:2 и остана без трофејот.

– Три или четири дена по последниот натпревар не ми се зборуваше со никој. Бев многу, многу несреќен. Ми требаше време да излезам од оваа депресија и да почнам да уживам во животот, да уживам во комуникацијата со мојот син и семејството. Ова беше тешко. Понекогаш изгледам толку смирено, не знам дали луѓето разбираат колку вложувам во оваа игра, колку ми е грижа за неа, колку напорно работам. Буквално дадов се од себе. Бев исцрпен, а бевме многу блиску до победа. Го изгубив апетитот. Седев дома три или четири дена по ред, кажа Тејтум.

Во пресрет на новата сезона во НБА-лигата, букмејкерите во САД на Бостон му даваат најголеми шанси да оствари најдобар резултат во конференцијата.