„Спортандо“ пишува дека српскиот кошаркар Милош Теодосиќ ќе ја продолжи кариерата во Виртус Болоња.
Теодосиќ ќе потпише тригодишен договор со италијанскиот клуб, па Србинот ќе стане еден од најплатените кошаркари во Европа, иако не се открива сумата која ќе ја добие.
Италијанската екипа гради моќна екипа, со намера да го освои трофејот во домашниот шампионат, па токму Теодосиќ треба да им помогне во реализација на тие планови.