Бојан Богдановиќ зааработи тешка повреда на натпреварот помеѓу Деторит и Голден Стејт. Хрватскиот интернационалец во последната минута од натпреварот дојде до контакт со Тори Крег кој стапна на неговото стапало.
Првичните информации велат дека станува збор за повреда на коленото и во моментот се уште не познато колку Хрватот ќе отсуствува од терените.
Богдановиќ изминатото лето премина од редовите на Јута во Детроит, а таму експресно стана лидер на својот тим. Искусниот 33-годишник бележи просек од 20.6 поени, 4.0 скока и 2.5 асистенции на 21 одигран натпревар.