Македонскиот европретставник К.К. Куманово доживеа елиминација од ФИБА Европа Купот .Во првото коло од квалификациите, тимот загуби од австрискиот Сванс Гмунден 83-60.
Во дуелот кој се одигра во холандскиот град Гронинген нашиот тим беше поразен од далеку порасположениот противник за игра, Во мечот Сванс Гмунден тргна со 4-14, двоцифрена разлика која Куманово успеа да ја спушти само еднаш на четири (12-16).
До крајот на првивот квартал, противникот ја врати високата позитива (14-27) и цело време ја одржуваше.
На полувремето, Сванс водеше со (24-39), До крајот на мечот австрискиот тим ја одржуваше високоата предност до крајот на мечот.
Прв стрелец кај Куманово беше Холмс со 16 поени имаше четири скока и две асистенции. Го следеше Кејлеб Џозеф со 13 поени, пред Глигоријевиќ со девет поени.
Кај австрискиот тим Бранден Ли Огбурнс запиша 17 поени, а Тони Блажан имаше 15 поени.