понеделник, 4. март 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

ТФТ е првиот патник во финалето на меморијалниот турнир „Анте Дуковски“

ТФТ е првиот патник во финалето на меморијалниот турнир „Анте Дуковски“

ТФТ е првиот патник во финалето на меморијалниот турнир „Анте Дуковски“ откако во полуфиналниот меч на двата домаќините на турнирот славеше над Академија ФМП со 78-68

„Академиците“ во поголемиот дел од натпреварот ја имаа предноста во свои раце. По десет минути игра истата изнесуваше 16-19 и се зголеми до крајот на првото полувреме, но сепак завшницата на истото им припадна на избраниците на Смилковски кои успеаја да дојдат до минимална негатива на полувремето (39-40).

Академија ФМП продолжи со добрата игра и на отварњето на второто полувреме па разиката повторно стана „комотна“, а по 30. минути игра на семафорот стоеше резултат 53-59. Како и на претходните натпревари се чинеше дека составот од Кисела Вода ќе приреди мирен финиш, но падот во играта умешно го искористи ТФТ.

„Црно-белите“ во последната четвртина го сведоа ФМП на само девет постигнати поени, а го наметнаа своето темпо во нападот каде постигнаа 25 поени за на крајот да стигнат до двоцифрена предност.