ТФТ им се врати на победите во Суперлигата откако во 4. коло славеше против Феникс 2010 со 85-74. Новалијата на овој натпревар настапи без повредените Трајковски и Митревски, а остана и без услугите на Вилијамс кој се повреди во текот на првата четртина, а тоа знаеја да го искористат домаќините кои рано стигнаа до висока предноста, а истата ја задржаа до самиот крај за важна победа во битката за плеј-оф.
Со 18 поени и 16 скока Двејн Морган беше првото име кај ТФТ, додека него го следеа Хортон со 13 поени, Ташовски со 12 поени и 6 асистенции и Маслинко со 11 поени и 5 скока.
Како двоцифрен со 10 поени и 6 скока мечот го заврши Сапунџиев. Павле Михајлоски беше лидер на Феникс 2010 со 17 поени и 6 скока, 16 поени и 9 скока додаде Хот, 15 поени и 4 асистенции додаде Петков, додека со 14 поени, 6 скока и 3 асистенции мечот го заврши Стојановски.