Кошаркарите на ТФТ го симнаа Пелистер од врвот на Суперлигата и му направија голема услуга на актуелниот првак
МЗТ Скопје, кој сега има победа повеќе во трката за подобра стартна позиција пред плејофот во оваа сезона во кошаркарското првенство на Македонија, со триумфот со 89-78 вечерва во седмото коло од Суперлигата.
Малешевиќ даде 29 поени со осум скока, а Кесар имаше 22 поени со 10 скока, но поддршка имаа само од Крстајиќ со десет поени и оваа тројка не можеше сама да им се спротивстави на рапсоложените кошаркари на ТФТ.
Пелистер сега има скор од 24-5, додека МЗТ е пред нив со скор 25-4, додека ТФТ дојде до скор од 16-13 каков што има и Еуро Никел на третото место во трката за позициите за плејофот.
фото: gol.mk