недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

ТФТ и Куманово ги дознаа градовите домаќини за квалификациски турнири во ФИБА Еврокупот

ТФТ и Куманово ги дознаа градовите домаќини за квалификациски турнири во ФИБА Еврокупот

Македонските претставници во ФИБА Еурокупот, ТФТ Скопје и Куманово ги дознаа градовите домаќини во кои ќе ги стартуваат своите настапи во квалификациските турнири.

Куманово ќе патува во Холандија, каде во Гронинген ќе се одигра турнирот од групата А. Во четвртфиналето македонскиот тим ќе се судри со Свонс Гмунден од Австрија а со евентуална победа ќе налета на домашниот тим на Донар.

Турнирот од групата Ц ќе се игра во Русија, а во улога на домаќин ќе биде Енисеј во Краснојарск. Домаќините ќе се борат против израелската Хапоел Хаифа во првото полуфинале. Германскиот Меди Бајројт во второто полуфинале го чека победникот од четвртфиналната пресметка меѓу унгарските Натуртекс – СЗТЕ-Сегед и ТФТ од Скопје.

Останатите два турнири ќе се играат во Софија и Парну. Сите турнири ќе се играат помеѓу 28 септември и 1 октомври.