понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

ТФТ поразен на стартот од вториот дел во БИБЛ лигата

ТФТ поразен на стартот од вториот дел во БИБЛ лигата

Скопски ТФТ во вториот дел од БИБЛ лигата го стартуваше со пораз. Балкан успеа да оствари победа на денешното гостувањето во Скопје и славеше со 82:97 и така напарави ТФТ да го стартува со пораз вториот дел од сезоната во регионалното натпреварување.

Бугарскиот состав ги контролираше случувањата на теренот и постојано беше во водство, а главната разлика беше направена во втората четвртина во која Балкан славеше со 19:31.

Ландриус Хортон беше најдобар кај ТФТ со 19 поени и 8 скока, додека кај гостите 21 поен и 6 скока забележа Дерик Маркс.