Кошаркарите на ТФТ на својот историски прв настап во Европа запишаа пораз од 76:62 во четвртфиналето од квалификациската група „Ц“ од ФИБА Евро Купот, која се игра во Краснојарск, Русија.
На европската премиера, подобра од нив беше екипата на Натуртекс Сегед. Во 29.минута, Натуртекс Сегед имаше највисоко водство (64:51). Така беше и по три одиграни периоди (68:55) во корист на екипата од Сегедин.
Во првиот настап во Европа на ТФТ, Амир Смит реализираше 23.поени (и 4.скока), Ландриус Хортон забележа ефект од 21.поен, 8.скока и 3. асистенции, додека пак Александар Костоски заврши со 20.поени (плус 9.асистенции и 7. скока).