вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

ТФТ преку Берое до втората фаза во БИБЛ лигата

ТФТ преку Берое до втората фаза во БИБЛ лигата

Скопски ТФТ триумфираше денеска над Берое од Бугарија со резултат 95:88 , во последниот меч од регуларниот дел од сезоната во балканското натпреварување, играчите на ТФТ славеа победа и со 50% ефект (5-5) се пласираа на четвртото место во групата „Б“, доволно за пласман во следната рунда.

Во победничките редови Ландриус Хортон беше прв стрелец со 29 поени, следен од Александар Костовски со 17.

На спротивната страна 25 поени беа дело на Александар Георгиев, а четири помалку запиша Мартин Сотиров.