Македонскиот претставник во кошаркарската Лига на шампиони, ТФТ го доби ривалот во четвртфиналето од квалификациите. Станува збор за Кемниц Најнерс од Германија.
Во стручниот штаб на германскиот клуб работи поранешниот тренер на МЗТ Скопје Аеродром, Ѓорѓи Кочов.
За да стигне до главната фаза, ТФТ треба да мине три квалификациски коло. Во случај да го елиминира германскиот преставник, тимот од Тафталиџе во полуфиналето од квалификациите на ФИБА ЛШ ќе се соочи со Фрибург од Швајцарија.