вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

ТФТ славеше против Феникс

ТФТ славеше против Феникс

ТФТ си го олесни патот до место во разигрувањето за титула откако во 9. коло од Суперлигата славеше на гостувањето кај Феникс 2010 со 58-76.

Гостите кои имаа двоцифрена предност на полувремето одолеаја на налетот на домаќинот во второто полувреме кога ‘виолетово-жолтите’ стигнаа и до изедначување, а со добра игра во финишот ја запишаа 17. победа со која се изедначија со Гостивар и Еуро Никел на табелата.

Николов со 15 поени и Хортон со 14 беа најефикасни кај победничкиот тим, а кај Феникс најефикасни беа Петков со 15 и Митревски со 14 поени.