петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

ТФТ со пораз ја отвори новата сезона во АБА2 лигата

ТФТ со пораз ја отвори новата сезона во АБА2 лигата

Македонскиот кошаркарски прволигаш ТФТ доживеа пораз од Златибор од 93:74 во првата средба од новата сезона во АБА2 лигата.

Скопскиот тим не одигра добро во првата и последната четвртина што придонесе на крајот да доживеаа и убедлив пораз од српскиот тим.

Златибор првите десет минути ги реши со 33-22, па таа предност потоа ја задржа по 20 и по 30 минути игра за да во завршниот период дополнително ја зголеми и на најдобар можен начин го отвори турнирот во Суботица.

Најефикасен играч кај ТФТ беше Николов со 17 поени на кои придодаде 5 скока и 1 асистенција. Ковачевиќ пак со 22 кошеви беше прво име кај победникот.

ТФТ во второто коло се соочува со Широки Бријег.