четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

ТФТ стартуваше победнички во БИБЛ лигата

ТФТ стартуваше победнички во БИБЛ лигата

Кошаркарскиот тим на ТФТ од Скопје ја почна сезоната во БИБЛ-лигата со победата против Сигал Приштина со 81-77.

Тимот од скопската населба Тафталиџе вечерва во салата „Кале“ водеше од почетокот до самиот крај на натпреварот, но го скрши отпорот на косовскиот состав во самиот финиш.

Гостинот се покажа како цврст тим, но на крајот го запиша и вториот пораз сезонава на вториот натпревар.

Ландриус Хортон со 20 поени беше најефикасен во ТФТ. Во следното коло скопскиот тим повторно игра на домашен терен, кога следната недела ќе го пречека Академик Пловдив.