Koшаркарскиот клуб ТФТ Скопје со пораз во започна вториот дел од БИБЛ лигата. Во „СРЦ Кале“ денес ТФТ доживеа пораз од бугарскиот Берое со 83:87.
Кај гостите најефикасен беше Џејмс Гавин со 18 поени и 6 асистенции, Николај Стојанов и Станислав Ваклинов се истакнаа со по 14 поени.
Кај ТФТ најефикасни беа Андерсон со 19, Херис со 18 и Хортон со 15 поени.