четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

ТФТ Тафталиџе убедливо поразен во Израел

ТФТ Тафталиџе убедливо поразен во Израел

Кошаркарскиот клуб  ТФТ не успеа од втор обид да дојде до победа во втората рунда во балканското друштво сепак не успеа во тоа и беа поразени од израелскиот Хапоел Гилбоа во БИБЛ лигата.

Македонскиот претставник го запиша вториот пораз, откако беше убедливо совладан со 94-68.

Дуелот беше решен по првата четвртина, по која домаќинот имаше предност од 31-14, до крај само рутински го заврши мечот.

Андерсон со 19 поени беше единствениот кошаркар во редовите на ТФТ со двоцифрен број на поени.