недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

ТФТ убедлив против Струмица,ФМП го совлада Куманово

ТФТ убедлив против Струмица,ФМП го совлада Куманово

Кошаркарите на ТФТ Скопје триумфираа на гостувањето кај Струмица со убедливи 111-84, додека Академија ФМП ја врза втората победа по ред откако беше подобра од Куманово со 102-83.

Најдобар во победничкиот тим беше Страхил Николов со 18 поени, додека на спротивната страна блесна Ранко Мамузиќ со 22 поени.

Академија ФМП ја запиша третата победа сезонава по девет натпревари, откако вечерва го уништи Куманово со 102-83. Кумановци издржаа само во првиот дел и имаа негатива од 44-49, но во второто полувреме гостинскиот состав ја наметна својата игра и без мака стигна до нов триумф.

Неверојатен во победата на Академија ФМП беше Смит Меквин со 26 поени, 11 скокови и 10 асистенции, додека кај кумановци најдобар беше Јанески со 23 поени и 10 скока.