понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

ТФТ убедливо против Спарс за втора победа во АБА 2 лигата

ТФТ убедливо против Спарс за втора победа во АБА 2 лигата

Кошаркарите на ТФТ Скопје ја запишаа и втората победа во АБА 2 лигата триумфирајќи во 7. коло од регионалното натпреварување против Спарс Илиџа со 102-78.

Пресудна за триумфот на македонските кошаркари беше третата четвртина која ТФТ ја доби убедливо со 26-15. Откако претходно на полувремето беше 55-49, веќе по три периоди игра се создаде недостижна предност за противникот.

Во последната четвртина ТФТ дополнително ја зголеми предноста за конечна убедлива победа од 102-78. Најдобар во редовите на ТФТ беше Бишоп со 18 поени и пет асистенции, а уште пет кошаркари завршија со двоцифрен ефект. Ташовски и Мекбраер постигнаа по 16 поени, Андерсон заврши со 15 поени, а по 12 поени постигнаа Николов и Батрик.

ТФТ со овој триумф дојде до десеттата позиција на табелата, од вкупно 14 екипи колку што се натпреваруваат во второто по квалитет регионално кошаркарско натпреварување. Спарс Илиџа, пак, остана на претпоследната позиција со само една победа од седум одиграни натпревари.