Македонскиот репрезентативен плејмејкер Ти Џеј Шортс, кој лани беше прогласен за најкорисен кошаркар (МВП) во Лигата на шампионите (ЛШ) на ФИБА сезонава со новиот клуб, францускиот клуб Париз, реди победи во Еврокупот.
Парижани ја забележаа и третата победа, на гости кај германскиот Хамбург, со 106-69 (26-15, 26-11, 27-28, 26,15). Притоа Шортс за 21 минута и 41 секунда на паркетот уфрли 14 коша, а имаше и девет асистенции, еден скок и четири украдени топки. Тој постигна ист број поени колку и неговиот соиграч, Американецот Надир Хифи, а најефикасен беше Американецот Колин Малком со 22 поени. Шортс имаше највисок индекс-рејтинг на мечот, 27.
По три кола, Шортс во Еврокупот е најдобар асистент, со просек од осум додавања по кои соиграчите постигнале поени, а е и трет на листата за просечни поени од удари за два поена (6,3) и на делба на второто место според просечниот индекс-рејтинг (25).
Во Еврокупот сезонава вкупно настапуваат 20 тима, поделени во две групи. Во групата А се Париз, Вулвс, Хапоел Тел Авив, Бешикташ, Хувентуд, Лондон, Прометеј, Венеција, Хамбург и Цедевита Олимпија, а моментно Париз, заедно со Бешикташ и со Лондон, има по максимални три победи.