петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Ти-Џеј Шортс е прогласен за најдобар во месец октомври во Франција, кандидат е за – МВП!

Ти-Џеј Шортс е прогласен за најдобар во месец октомври во Франција, кандидат е за – МВП!

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ти-Џеј Шортс го заврши месец октомври како најдобар стрелец и прв асистент во француската ЛНБ, поради што сосема заслужено е еден од четворицата номинирани за најкорисен играч.

Шортс запиша 15,6 поени и девет асистенции по натпревар за својот Париз баскетбол, со што води и во двете категории во лигата.

Сепак, тоа не го прави најдобар и според индексот на корисност, туку таму е втор, со индекс 19,6, единствено зад бекот на АДА Блуа, Милан Барбич (индекс 23,2).