четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Ти Џеј Шортс го менува клубот, заминува во Басконија

Ти Џеј Шортс го менува клубот, заминува во Басконија

Шпанскиот тим Басконија силно се интересира за услугите на новопечениот македонски репрезентативец Ти Џеј Шортс. Според информациите олеми се шансите тој наскоро да го напушти тимот на Бон и да се пресели во Басконија.

Американецот со македонски пасош, освен во македонската репрезентација, одлично игра и во Бундеслигата, каде четири пати во последните осум кола е МВП на колото.

Шортс просек од 19,1 поени, 7,3 асистенции и 3,6 скокови по меч, додека во кошаркарската Лига на шампионите 24,2 поени, 6,7 асистенции и 4,2 скокови.