Натурализираниот кошаркарски репрезентативец на Македонија, Ти Џеј Шортс на крајот на сезоната ќе го напушти Бон, пренесуваат германските медиуми.
Прв фаворит за неговиот потпис е францускиот Париз каде од следната сезона на клупата ќе седи досегашниот стратег на Бон, Томас Исало.
Во игра за потписот на одличниот плејмејкер е и рускиот Локомотив Кубан кој сезонава играше финале во ВТБ лигата.
Ти Џеј Шортс игра одлична сезона каде со својот тим ја освои Лигата на шампионите на ФИБА, а беше прогласен за најкорисен играч и во основниот дел и на Ф4 од ова натпреварување.