вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Тодоров: Многу важна победа за нас,утре одиме на триумф и против Естонија

Тодоров: Многу важна победа за нас,утре одиме на триумф и против Естонија

Македонската машка кошаркарсска селекција  стигна до првата победа во квалификациите на Евробаскетот, откако денес славеше против Италија  со 87-78. .

Селекторот Александар Тодоров по натпреварот изјави дека е среќен за победата, но за жал затоа дека Ненад Димитријевиќ нема да може да игра на последниот натпревар со Естонија.

Ова е многу поважна победа за нас. Ни дава шанса да веруваме и да сонуваме барем до утре. Останавме во игра за последното место на ЕП. Започнавме добро, но Италија имаше одличен шут за три поени, а тоа резултираше со предност за нив на полувреме. Знаевме дека кога ќе престанат да погодуваат, ќе се вратиме во натпреварот. Ги лимитиравме на одреден број поени, па така дојдовме во добра позиција. Одличен резултат за нас, особено за тим кој е во реконструкција и подмладување. Мораме да ја победиме и Естонија, инаку никој нема да ја памети победата. Голем проблем за нас е дека нема да игра Димитријевиќ утре, па тоа е дополнителен проблем. За утре нема да има премногу промени, мора ги лимитираме грешките и да го кренеме нивото на агресивност во одбрана против Естонија. Покажавме карактер со Италија, но утре пак мора да докажеме дека победата не е случајна. Без оглед на тоа што ќе направиме утре против Естонија, јас сум горд на оваа група играчи. “, изјави по мечот македонскиот селектор.