понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Тодоров: По поразот на Италија од Естонија беше тешко да се игра

Тодоров: По поразот на Италија од Естонија беше тешко да се игра

Македонската машка кошаркарска репрезентација го доживеа вториот пораз во „балонот“ во Перм.

Денес славеше токму домаќинот Русија 94-77 и сега шансите за пласман на Евробаскетот се сведени на теорија.

По натпреварот, селекторот Александар Тодоров истакна дека победата на Естонија над Италија сите ги изненадила и била шок за кошаркарите пред мешот со Русија.

„Имавме еден тежок меч, посебно по она што се случи во првиот натпревар од денот и победата на Естонија над Италија. Очекувавме мечот со Естонија да биде клучен за нас, го гледавме дуелот со Италија во соблекувална и видовме што се случи. Ментално беше тешко да се игра по тој резултат, затоа што сега ни се потребни две победи. Исто така имавме проблем и со скоковите. За време на мечот загубивме и еден важен играч поради повреда. Ротиравме со три бека во наредните минути. Ако ги сумираме сите статистички категории, со исклучок на скоковите и тројките, ние бевме во егал со противникот. Мора да ги држиме главите горе и да се фокусираме на следните два меча, затоа што ќе ни бидат потребни две победи“, изјави Тодоров.

Нашите кошаркари следниот натпревар го играат в недела, кога вторпат се среќаваат со селекцијата на Италија.

На Македонија за пласман на ЕП сега и се потребни две победи, но Естонија мора да загуби во дуелот со Русија.