Поранешниот кошаркар на Чикаго Булс Тони Кукоч ќе стане нов член во „Куќата на славните“.
Во пресрет на вечерашната церемонија на инаугурацијата на шеснаесетте нови членови во Нејсмит Меморија – „Кошаркарската куќа на славните во Спрингфилд“,
НБА лигата на својата интернет страница објави дека еден од кошаркарите кои ќе ја имаат таа чест е и хрватската легенда.Сплитскиот кошаркар, покрај блескавата кариера во НБА лигата, исто така е и освојувач на сребрениот медал на Олимписките игри во Сеул во 1988 година, откако во финалето Југославија беше поразена од Советскиот Сојуз.
Кукоч синоќа одржа и прес-конференција на која зборуваше за неговата кариера, како и за соработката со Мајкл Џордан, кој ќе биде водител на вечерашната церемонија.